Секс пред утринското кафе? Ова се три одлични причини за тоа

Точка

20/02/2017

21:24

4.270

Големина на фонт

а а а

Сексот во утринските часови го ослободува хормонот на среќа окситоцин, што ги зближува паровите и ја дава неопходната енергија за почеток на работниот ден. Затоа, не избегнувајте пред да го вкусите утринското кафе, да започнете „акција“ во кревет.

Го подобрува расположението

Освен што ослободува од болки, водењето љубов е одлично и во борбата против стресот и депресијата. Истражувањата покажале дека стресните ситуации на кои биле изложени испитаниците, биле успешно надминати ако испитаниците имале секс, за разлика од оние кои пред самото соочување со стресна ситуација немале секс. Благата депресија исто така се „лекува“ со сексот.


Сексот подмладува

Редовниот утрински секс може да нè подмлади од пет до седум години. Тоа се должи наослободувањето на ендорфин. Истражувањето на доктор Викс од Кралската болница во Единбург покажало дека личностите кои изгледале помладо, редовно имале утрински секс.


Ги согорува калориите

Сексуалната активност е одлична за согорување на калориите. Поради тоа, утринскиот секс можете да го сметате и за утринска гимнастика.


Спонозорирани линкови

Маркетинг