„Основачот“: Како Мекдоналдс всушност станал гигант на денешницата

Точка

20/02/2017

19:30

5.353

Големина на фонт

а а а

Ова е приказната за Реј Крок, трговски патник и одличен продавач кого комбинацијата на амбиција, упорност и немилосрдност го направиле вистински џин на денешницата.

Во 1954 година и откако целиот живот работел како трговски патник, Реј Крок најдобро би бил опишан како „трговец кој ќе направи сè за да изврши продажба“. Таквиот став го направил прилично непопуларен во круговите на своите соработници, но Реј не се предавал. Неговиот „насилен стил“ му донел огромна куќа, и повеќе од доволна за него и неговата сопруга Етел.


Но, иако Реј бил задоволен од животот, неговата сопруга не била и од него очекувала дека тој ќе ја замени својата работа на трговски патник со некоја работа посоодветна за личност на негова возраст. Постојано на пат, по лоши мотели, од ресторан до ресторан, Реј полека, но сигурно сфатил што сè му пречи додека е на пат.


Лоша храна, лоша услуга, како се случило некогаш одличните „драјв ин-ови“ да станат вистински дупки? Поттикнат од она што го видел во одличниот ресторан на браќата Мекдоналд (Ричард Мекдоналд и Морис Мекдоналд т.е. Дик и Мак) во Сан Бернардино во Калифорнија, Реј се одлучил за најголемиот бизнис во својот живот.



Приказната го следи Реј Крок (кого го глуми Мајкл Китон, кој ќе го видиме и во новиот филм за Спајдермен), кој се здружува со двајцата браќа, Ричард и Морис Мекдоналд (Нико Оферман и Џон Керол Линч), за да започнат нешто што набрзо ќе стане меѓународен синџир на ресторани за брза храна кој денес послужува 68 милиони посетители секој ден.


Освен Китон, една од главните улоги ја игра и Лаура Дерн, како неговата напатена и запоставена сопруга Етел, од која Крок се развел во 1961 година.

За режијата на филмот е одговорен Џон Ли Хенкок, режисер кого го паметиме и по одличните филмови кои ги режирал, како и по неговите сценарија за класиците како што се „Совршен свет“ и „Снежана и ловецот“, па поради тоа очекуваме одличен филм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг