Место покрај најдлабокото езеро во светот во кое ќе уживате во ледената библиотека

Точка

20/02/2017

17:10

3808

Големина на фонт

а а а

Библиотеката е составена од огромни блокови од мраз на кои се напишани желбите на луѓе од целиот свет, па можеме да заклучиме дека ледената библиотека има прилично интернационален избор.

И оваа приказна потврдува дека книгата е веројатно најдобриот пријател на човекот. Имено, во Русија, на место каде што царуваат снегот и мразот, е отворена „ледена библиотека“.


И додека повеќето вљубеници во литературата и книжевните ремек дела уживаат во топлината на својот дом, ледената библиотека од желби која се сместила во близина на Бајкалското Езеро, ќе ви понуди ново ниво на уживање во читањето.


Оваа, во најмала рака необична библиотека, се наоѓа во близина на ски-центарот Ирксутску (дел од Сибир). Составена е од огромни блокови од мраз на кои се напишани желбите на луѓе од целиот свет, па можеме да заклучиме дека ледената библиотека има прилично интернационален избор. Имено, пораките и добрите желби се оставени од Кина па до Франција, а сите се напишани на изворните јазици.




Проектот е направен со цела се привлечат туристи на Бајкалското Езеро и во градот Бајкалск, не само за време на зимскиот период, туку и во текот на целата година. Но, библиотеката има една мана – кога времето ќе се стопли, таа ќе се истопи.


Бајкалското езеро и сега е прилично голема атракција, бидејќи станува збор за најдлабокото езеро во светот, а не се сомневаме дека културната понуда дополнително ќе го збогати.



Спонозорирани линкови

Маркетинг