Штербик и Дибиров во тимот на колото

Макфакс

20/02/2017

15:25

1.149

Големина на фонт

а а а

Двајца играчи на Вардар, Арпад Шетрбик и Тимур Дибиров, кои блескаа на дуелот во Унгарија против Пик Сегед, според ЕХФ се најдоа во идеалниот тим на 11.коло во Лигата на шампионите.

Вардар победи 23:21 кај Пик Сегед, а поразот на Кјелце во Цеље 34:33 го зацврсти на првата позиција во Б групата.



Штербик блескаше на голот на Вардар против унгарскиот вицепрвак со 14 интервенции, додека Дибиров постигна шест голови, а неговата реакција со двете украдени топки во финишот му овозможи на својот тим да ги освои бодовите.

ЕХФ, идеалниот тим на 11.коло:

Голман: Арпад Штербик (Вардар)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Борут Мацковшек (Цеље)
Среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)
Десен бек: Албин Лагергрен (Кристијанштад)
Десно крило: Патрик Грецки (Рајн Некар)
Пивот: Јаспер Нилсон (ПСЖ).


Спонозорирани линкови

Маркетинг