Култхард: Рикардо и Верстапен се блиску

КРУГ.МК

20/02/2017

18:00

1.030

Големина на фонт

а а а

Поранешниот возач на Ред Бул, Дејвид Култхард, верува дека не постои јасна разлика помеѓу дуото на тимот, Даниел Рикардо и Макс Верстапен.

Земајќи го во предвид неговиот потенцијал за развој, многумина веруваа дека е прашање на време пред Верстапен да го остави Рикардо далеку позади себе, но Култхард смета дека новите Ф1 болиди ќе ги изедначат обајцата.

„Не гледам натпревар на едниот против другиот во Ред Бул. Секако, има голема конкуренција, но не верувам дека Макс е јасниот победник, наместо Даниел, или пак дека Даниел е подобар.

Сметам дека обајцата се исклучително добри, како и останатите Формула 1 возачи, но тоа не е доволно за едниот да се здобие со предност.

Потребни се тие исклучителни перформанси. Верувам дека Даниел испорачува такви во квалификациите и при претекнување. Таму кадешто Макс се истакнува себеси е во неговата способност да биде константен, како и да се снајде во тешки ситуации“, изјави Култхард.

Култхард исто така истакна дека перформансите на холанѓанецот во Абу Даби и Бразил се јасни индикации на неговата величина.

„Во Абу Даби, тој успеа да ја заврши трката со едно влегување во бокс. Како што видовме во Бразил во дождот, тој пронајде тркачки линии кои никој не би ги пробал. Такашто, тој е храбар и интелегентен. Ако ги споите тие две нешта, ќе добиете супер-човек.

Како што ќе навлеземе во оваа нова Формула 1, која ќе биде многу потешка, со пошироки болиди, тогаш можеби ќе му влијае повеќе позитивно на едниот отколку на другиот. Секој поединечен возач има свои карактеристики кои можеби ќе му обезбедат предност“, додаде Култхард.


Спонозорирани линкови

Маркетинг