Браун: Нема чуда преку ноќ

КРУГ.МК

20/02/2017

16:00

827

Големина на фонт

а а а

Рос Браун знае дека поради комплексноста на Формула 1 не постои можност за промени преку ноќ кој би донеле подобрувања на многу краток рок.

Либерти Медиа го постави Браун за главен во врска со спортскиот и технички дел на спортот, давајќи му одврзани раце да воведе промени и да ги врати славните денови на Формула 1 назад.

„Има некои очигледни и лесно воочливи проблеми, но за решавање на истите е потребно време. Сакаме да се фокусираме и да го направиме шоуто најдобро што можеме, а забавата на врвно ниво. Секоја промена ќе носи неверување во однос на дали токму тоа ќе го подобри спортот, дали ќе ја пододбри забавата, дали ќе има повеќе економска смисла.

Не може да менувате толку комплексен спорт преку ноќ, но пораката која ја праќаме е дека се бориме за да го направиме спортот колку што е можно позабавен. Се надевам дека со константен притисок ќе успееме да го донесеме спортот на подобро место“, објасни Рос.


Спонозорирани линкови

Маркетинг