Арета Френклин oди во пензија!

Точка

20/02/2017

14:15

2072

Големина на фонт

а а а

“Оваа година ќе се пензионирам”, изјавила во телефонско интервју оваа 74-годишна пејачка.

Легендата на соул музиката, Арета Френклин, изјавила како нема намера веќе да оди на турнеи по објавувањето на нејзиниот албум во септември, оваа година.

“Ќе продолжам да снимам албуми, но оваа година ќе биде последна за моите концерти. Тоа е тоа” – вели таа.

Оваа пејачка изјавила дека планира шестмесечна турнеја за промоција на новиот албум и уште неколку настапи.

“Се чувствувам многу богато и задоволно во поглед на мојата кариера. Јас ќе бидам задоволна, но нема да престанам да правам било што. Тоа не е добро.”

На 42-тиот по ред студиски албум ќе се најдат нови, оригинални песни, од кои дел се под продукција на Стиви Вондер, изјавила Френклин, не откривајќи повеќе детали.


Френклин е на сцената веќе шест децении, а од појавата 50-тите до денес има освоено 18 Греми награди. Последниот албум на Френклин, “Aretha Franklin Sings the Great Diva Classics”, е објавен е 2014 година, а на него се најдоа 10 преработки на познати хитови од нејзините колешки, како што се Адел, Барбра Страјсенд, Глорија Гејнор, Ета Џејмс, Алиша Кис и многу други.

Арета Френклин, својот врв во кариерата го достигнала кон крајот на 60-тите години. Нејзините песни како “Respect” и “Chain Of Fools” се запишани во музичката историја како класици. Освен тие, во нејзина сопственост се и хитовите “Freeway Of Love” и “Who’s Zooming Who”. Арета се појавува и во улога на актерка, во филмот “Blues Brothers”.


Френклин ја нарекуваат и “кралица на соул музиката” поради нејзиниот глас, кој има распон од четири октави.


Спонозорирани линкови

Маркетинг