Червар бара начин да го надмудри Горење за простување со победа

Дерби

20/02/2017

13:18

952

Големина на фонт

а а а

Лино Червар ќе го предводи Металург во последниот натпревар пред домашната публика во рамки на СЕХА лигата, кој се игра в среда против Горење со почеток во 17.45 часот.

Хрватскиот стратег одби да одговори дали овој натпревар од СЕХА ќе биде последен за него на клупата во Скопје, потенцирајќи дека размислува за претстојните натпревари.

– Не би го отворал сега тоа прашање. Имаме уште две гостувања по ова средба, кај Нексе и кај Извиѓач, потоа почнува нашето учество во завршницата на македонското првенство. Има уште многу натпревари што ќе ги играме и фокусот сега е таму,- рече Червар.

За самиот натпревар шефот на стручниот штаб на Металург посочи дека ќе биде интересен и неизвесен, а противникот го оцени како незгоден.

– Горење го доби првиот натпревар таму. Тоа е втора екипа на Словенија, има одлични играчи, дел од нив играа во Вардар до лани, Тоскиќ и Брумен. Комбиниран тим на искусни играчи и млади надежи. Таму играаа агресивно, цврста одбрана 6-0 и уверливо не победија. Нам ни се незгодни не само поради одбраната, туку и поради брзата транзиција, големата борбеност, а имаат и одличен голман, па ќе мора да најдеме решение за сето тоа. Жарко Пешевски е казнет поради прекршокот на последниот натпревар, а исто така и Марко Нелоски кој има хематом на коленото. Нема да бидеме комплетни, но секој натпревар во СЕХА лигата е важен за нас, да стекнеме искуство против таков противник. Очекувам тежок дуел, на хартија они се фаворити, но ние ќе го дадеме нашиот максимум. Ќе биде интересен и неизвесен натпревар,- оцени хрватскиот тренер.

Немања Обрадовиќ е оптимист дека може да се избори позитивен резултат во мечот со Горење, но повика и на помош од публиката.

– Заедно со тренерот добро ќе ги анализираме нашите противници. Не сме комплетни, но мислам дека се покомплетни отколку кога загубивме на првиот натпревар во Словенија. Со помош на публиката ќе се потрудиме да избориме позитивен резултат и да славиме на овој натпревар,- рече српскиот интернационалец кој го носи дресот на „металурзите“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг