Сакала да ги потемни веѓите на овој начин – едвај се спасила!

Точка

20/02/2017

13:03

3.666

Големина на фонт

а а а

Младата козметичарка го испробала третманот на себеси, по кој горко зажалила!

Кога Тајла Дури (16) решила да ги потемни своите веѓи и трепки, не ни помислувала дека ќе пројде низ едно пеколно искуство.

Оваа млада девојка, која се спремала за кариера на козметичарка, сакала да испробува нови третмани и да се запознава со нивните евентуални последици. Но, кога посегнала по сетот за потемнување веѓи, целото знаење ѝ паднало во вода.

Имено, само неколку саати по нанесување на смесата, лицето ѝ отекло, кожата на веѓите станала црвена и полна со гној, а трепките почнале нагло да ѝ опаѓаат.


“Бев скоро слепа. Очите ми беа како два балони, а лицето ми беше целосно отечено. Почнав да плачам и да вриштам.” – напишала Тајла на својот Фејсбук профил.

Таа завршила во болница, каде докторите заклучиле дека е алергична на една од состојките во фарбата – П-Фенилендиамин.

За жал, Тајла не го направила тестот кој секој производител на фарби го препорачува, а тоа е да нанесете мала количина од производот на некој дел од телото, 24 часа пред апликацијата. Поради тоа, оваа девојка завршила со хемиски изгореници, а позитивното во сето ова е што таа не го изгубила својот вид.



“Пројдов низ пекол поради мала количина на фарба на веѓите. Никогаш веќе нема да нанесам фарба на себе. Тестот не го направив поради тоа што никој во моето семејство не е алергичен на фарби, па поради тоа сметав дека нема потреба.” – вели таа.

Ова е порака до сите девојки да ги испробуваат козметичките производи кои ги купуваат, сè со цел да ги избегнат ваквите фатални последици по здравјето.


Спонозорирани линкови

Маркетинг