Награда од ЕХФ за нивните мајстории: Ристовски и Штербик со Топ 5 одбрани во ЛШ

Дерби

20/02/2017

11:50

1.111

Големина на фонт

а а а

Членот на Барселона и наш долгогодишен репрезентативец, Борко Ристовски и асот на Вардар, Арпад Штербик си најдоа свое место во Топ 5 листата на ЕХФ на најдобрите одбрани на колото во Лигата на шампионите.

Барселона и Вардар триумфираа на гости кај Кадетен Шафхаузен и Пик Сегед, а свој удел и печат во истите имаа ветераните Борко и Арпад кои на одбројувањето на најатрактивните ги заземаа позициите пет и три.

Борко ја има петтата најдобра одбрана, Арпад третата, а пак број еден оваа недела е Иван Пешиќ од Мешков Брест.



Спонозорирани линкови

Маркетинг