Џамал Мари го одбележа мечот на младите ѕвезди и го одведе Тимот на светот до победа

Дерби

18/02/2017

12:23

1899

Големина на фонт

а а а

Традиционално, НБА Олстар викендот стартуваше со пресметката меѓу младите ѕвезди од Америка и останатиот дел од светот, а овојпат во спектаклот во Њу Орлеанс како подобар се покажат тимот од светот кој на крајот победи во ултра офанзивниот меч кој заврши 150:141.

Младите ѕвезди од двете страни се обидуваа да го разубават шоуто со феноменални атракции, а име број еден беше Џамал Мари кој го понесе МВП признанието со 36 поени и 11 асистенции. Одличен на „рајзинг старс“ натпреварот беше и неговиот соиграч Никола Јокиќ кој за малку не оствари трипл-дабл учинок (12 поени, 11 скокови и 8 асистенции), исто како и Дарио Шариќ кој натпреварот го заврши со 17 поени, 5 скокови и 4 асистенции.



Спонозорирани линкови

Маркетинг