Изненадување за фановите: Повторен собир на бендот NSYNC

Точка

18/02/2017

14:12

3013

Големина на фонт

а а а

Ленс Бас, поранешен член на бој бендот NSYNC изјавил дека е многу тешко да испланираат кога точно ќе се вратат. Тој рекол дека се надева оти тоа ќе се случи околу Божиќ на откривањето на нивните ѕвезди на Булеварот на славните.

„Не сум сигурен дали смеам да го кажам ова, но подготвуваме нешто заедно оваа година“, рекол Ленс Бас (37), поранешен член на бој бендот NSYNC. Наводно, петмината членови повторно ќе се соберат и ќе настапат заедно на откривањето на нивните ѕвезди на Булеварот на славните во Лос Анџелес.


„Ужасни сме во планирање, тешко ни е да донесеме некоја одлука. Се надевам дека ќе се собереме околу Божиќ во Лос Анџелс. Ќе биде забавно повторно да работиме заедно“, рекол Ленс.

До неговиот распад во 2002 година, во бендот беа членови и Џастин Тимберлејк (36), Џеј Си Шасез (40), Џои Фетон (40) и Крис Киркпатрик (45).


Пред неколку месеци Џастин објави фотографија со своите поранешни колеги од бендот. Иако нивните фанови уште тогаш се понадеваа дека момците подготвуваат заедничка соработка, пејачот откри дека се собрале за да го прослават роденденот на Џеј Си Шасез.


Спонозорирани линкови

Маркетинг