Враќање во осумдесеттите: Погледнете како изгледа хотелот „Joke”

Точка

17/02/2017

20:30

5.616

Големина на фонт

а а а

Хотелот се наоѓа во непосредна близина на Мулен Руж, Монмартр, многу театри, а само стотина метри подалеку се наоѓа и автобуска станица од која поаѓаат автобуси за разгледување на градот.

Дали можете да замислите да спиете во хотел кој изгледа како да излегол од спот на Лејди Гага? Токму такво искуство дава еден од највеселите хотели во Париз, ако не и највеселиот. Хотелот „Joke” во Париз е вистински спој на францускиот шик и детската разиграност.


Хотелот кој се наоѓа во сопственост на хотелскиот синџир Astotel Group, го дизајнирал славниот архитект Филип Мејденберг, а како инспирација му послужиле спомените од детството од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век.


Од светлиот ентериер до уникатните украси, овој современ хотел ќе ве натера да се чувствувате среќни и безгрижни додека уживате во убавините на Париз. Токму онака како што треба да се чувствувате кога сте на одмор.


Заедничките простории во хотелот се исполнети со шаренило, детски играчки, книги и садови преполни со слатки. Ќе забележите дека сите маси во хотелот се исти, односно дека нивната површина наликува на плоча за пикадо, а како инспирација послужиле разни друштвени игри.


Во изработка на мебелот биле користени многу природни материјали, а многу малку пластика. Така, сите маси се направени од цврсто дрво со стаклени плочи, а столчињата изгледаат како да се транспортирани директно од 70-тите години на минатиот век.


Веселата атмосфера продолжува во собите кои се преполни со шарени елементи, како што е тркало на среќата над креветот и перници во разни бои. Собите оддаваат впечаток како да се детски игротеки, отколку соби во кои спијат возрасни луѓе.


Хотелот се наоѓа во непосредна близина на Мулен Руж, Монмартр, многу театри, а само стотина метри подалеку се наоѓа и автобуска станица од која поаѓаат автобуси за разгледување на градот.


Затоа, ако сакате да ја разбиете дневната монотонија со шарени бои и несекојдневни предмети, а Париз отсекогаш бил на вашата листа на градови кои мора да ги посетите, тогаш не треба да барате подалеку – само резервирајте датум и забавата може да започне!







Спонозорирани линкови

Маркетинг