Еден од најдобрите романтични филмови добива продолжение

Точка

17/02/2017

19:30

5.569

Големина на фонт

а а а

Пред 14 години беше снимена една од најдобрите љубовни приказни на сите времиња. Овој филм и ден денес може без никаков проблем да измами солзи радосници на лицата на своите обожаватели.

Имаме одлична вест за сите романтичари! Една од најдобрите љубовни комедии „Love Actually” наскоро ќе добие и свое продолжение.


За потребите на манифестацијата „Comic Relief and Red Nose Day“, денот кога се спроведува добротворна акција за помош на сиромашни деца, е направен десетминутен филм кој би требало да ни покаже што се` се случило со оригиналните ликови од филмот „Love Actually”, 14 години по снимањето. Најдобриот дел од веста е што поголемиот дел од оригиналната екипа одлучиле да се вратат во филмот.

Така, во продолжението ќе ги видиме ѕвездите како Хју Грант, Кира Најтли, Лијам Нисон, Колин Фирт, Мартин Мекачион, Бил Наји, Роуан Аткинсон и Ендру Линколн.


„ Во текот на годините навистина уживав во создавањето епизоди на Red Nose Day за телевизија, без разлика на тоа каде работев. Ми се чинеше дека оваа година би можел да направам една таква епизода, базирана на некој мој филм“, изјавил режисерот и сценарист на филмот „Love Actually”, Ричард Куртис.

За да покажат колку им е важна идејата за помош, покрај големите ѕвезди, во филмот ќе настапат и Луција Мониз, Томас Броди Сангстер, Оливија Олсон и Маркус Бригсток кои имале помали улоги во филмот.


„Воодушевен сум што толку актери одлучија да се појават во филмот, ова навистина ќе биде еден носталгичен момент кога ќе видиме каде се нивните ликови 14 години подоцна“, рекол Куртис.


Спонозорирани линкови

Маркетинг