Официјално-познат е новиот тим на капитенот: Лазаров ја напушта Барселона и се сели во Франција

Дерби

17/02/2017

20:15

3.170

Големина на фонт

а а а

Капитенот и лидер на нашата ракометна репрезентација, Кирил Лазаров по седум години си заминува од Шпанија и се сели во Франција.

По епизодите во Суидад Реал/Атлетико Мадрид и во Барселона, клуб во кој ја освои толку посакуваната титула во Лигата на шампионите нашиот ас ќе тресе за второпласираната екипа во францускиот шампионат Нант.

Кире се разбра со Нант и денеска оваа екипа соопшти дека е договорена двегодишна соработка со десниот бек.

-Со огромно задоволство ќе му се приклучам на амбициозен тим кој постојано расте, од година во година. Драго ми е што ќе играм во една од најсилните лиги на светот и што ќе се натпреварувам во Лигата на шампионите. Ги имам гледано нивните натпревари и ми се допаѓа нивниот начин на игра. Ова е одличен нов предвизвик во кариерата, -рече Лазаров.

Сениорската кариера на Кире тргна од Пелистер, па преку Загреб, Веспрем, Ал Сад дојде до Шпанија, а сега и Франција.


Спонозорирани линкови

Маркетинг