Диета “Vegan Before 6”: Овошје и зеленчук наутро, торта навечер!

Точка

17/02/2017

16:50

3456

Големина на фонт

а а а

Се работи за начин на исхрана во кој до 18 часот јадете само намирници од билно потекло, а потоа консумирате сè што сакате.

Не мора да се откажувате од сè за да ослабнете – диетата VB6 ви овозможува да јадете дури и торта.
Овој режим потсетува на исхраната на флекситаријанците, кои балансираат измеѓу вегетаријанството и повременото консумирање на месо. Диетата е направена од страна на Марк Битман, познат американски колумнист и автор на бројни готвачи.


VB6 е кратенка од Vegan Before 6 (Веган пред 6), што значи дека до 18 часот треба да консумирате некалорични намирници, богати со влакна, минерали и витамини. Во тој период неограничено јадете овошје, зеленчук, житарки од цело зрно, компир, боранија, грав, грашок, јаткасти плодови и семиња и суво овошје.

По 18 часот, на ред се месото, јајцата, млекото и млечните производи, морските плодови, ограничени количини на јаглехидрати како пица и тестенини, мали количини слатки, додека брзата и конзервирана храна треба да ја избегнувате.

Битман препорачува храната да се припрема исклучиво дома и да се јаде во својот изворен облик. По четири недели, може да ослабете и до 16 килограми, како што тоа му успеало на Битман. Тој, оваа диета ја препорачува како најздрава варијанта на промена на животниот стил и исхраната.


Спонозорирани линкови

Маркетинг