СДСМ: Нови работни места ќе отвори новата влада, заврши оперативниот план крадење

Макфакс

17/02/2017

16:46

815

Големина на фонт

а а а

Ќе има нови вработувања во Македонија, шанси за нови бизниси со кои ќе ги мотивираме младите да останат во државата и повисоки плати, но тоа ќе го реализира новата одговорна влада за којашто гласаа граѓаните на предвремените избори, реагираат од СДСМ, на денеска објавениот план за отворање нови 10.000 работни места.

„Граѓаните очекуваат реални политики и затоа го поддржаа Планот за живот. Тој предвидува зголемена поддршка на малите и средни претпријатија од 200.000 евра на 20 милиони евра годишно. Бесплатен деловен простор за нови компании во старт ап центри. Отворање фирма со 1 евро основачки капитал. Поволни кредити до 15.000 евра за микробизниси со само 1 процент камата“, се вели во реакцијата од СДСМ.

Порачаа дека граѓаните ги виделе ефектите од “оперативните планови“ на Никола Груевски и неговиот „дил ориентед“ партнер Владимир Пешевски и не сакаат такви планови.

„Со тие “оперативни планови“ криминалната власт изнесе на свои сметки над 5 милијарди евра пари на граѓаните. А оставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија. И иселија над 626.312 граѓани надвор од Македонија. Друга непожелна “оперативна мерка“ е масовната операција на бришење невработени од Агенцијата за вработување. Времето на Груевски и на неговите соработници како Пешевски заврши“, порачаа од СДСМ.


Спонозорирани линкови

Маркетинг