Слаткиот вкус на здравјето: Задолжително ставете ја црната чоколада во секојдневното мени!

Точка

17/02/2017

17:52

4.586

Големина на фонт

а а а

Не зборуваме за чоколадите во кои благото го сочинува шеќерот. Зборуваме за темната чоколада која поради многу причини би требало да биде на вашето секојдневно мени.

Овој совет го сподели нутриционистката Лиза Еберли која се обиде да не` потсети на сите бенефиции кои ги крие темната чоколада.

Чоколадата ќе ви помогне да вежбате повеќе и подолго

Многу студии докажале дека темната чоколада го отстанува уморот и болката од мускулите, а му помага на телото и подобро да дише. Ако трчате или се подготвувате за тренинг, пред него задолжително изедете барем коцка – две.


Добра е за вашето срце

Докажано е дека мала количина темна чоколада му помага на вашето срце подобро да работи бидејќи многу добро влијае врз протокот на вашите вени, па поради тоа крвта тече побрзо, а срцето работи подобро.

Го намалува крвниот притисок

Како што кажавме погоре, мала количина темна чоколада помага за побрз проток на крвта, а тоа е тесно поврзано и со уште едно позитивно дејство кое ова слатко задоволство го има на нашиот организам – го намалува и крвниот притисок.


Го ублажува стресот

Многу студии докажале дека темната чоколада го отстранува стресот. Ако пред вас е стресен период, направете пауза и изедете еден ред темна чоколада. Уживајте во нејзиниот вкус додека полека ви се топи во устата и полека го смирува вашето тело и ум.


Спонозорирани линкови

Маркетинг