Потребни сте ѝ на НАСА: Можете ли од фотелја да ја пронајдете Планетата 9?

Точка

17/02/2017

15:51

4.587

Големина на фонт

а а а

НАСА финансира веб страна која овозможува јавна потрага по нови неоткриени светови на работ на нашиот соларен систем и во соседниот меѓуѕвезден простор.

Веб страната со име "Backyard Worlds: Planet 9", им овозможува на сите да учествуваат во потрагата, така што ќе гледаат кратки филмови составени од инфрацрвени снимки на НАСА од мисијата "WISE".

"Растојанието помеѓу Нептун и Проксиме Кентаури, неговата најблиска ѕвезда, изнесува само околу 4 светлосни години. Голем дел од тој простор е неистражен", рекол главниот истражувач Марк Канер, астрофизичар на НАСА во центарот во Мериленд, наведено е на сајтот Phys.org.


"Има толку малку сончева светлина во тој дел на системот, што дури и големите објекти одвај се гледаат. Но, со инфрацрвениот вселенски телескоп "WISE" снимени се објекти кои инаку би ги пропуштиле", рекол астрофизичарот.

Со овој телескоп во текот на 2010-тата и 2011-тата година било направено сеопфатно истражување и скенирано било целото небо со оваа технологија.


Мисијата повторно била активирана во 2013-тата година, за НАСА да може да идентификува потенцијално опасни објекти во близина на Земјината орбита.

Новиот сајт ги користи тие податоци за барање на непознати објекти на работ на нашиот соларен систем.


Така во 2016-тата година астрономите во Пасадена, во Калифорнија, дошле до сознанието дека повеќе оддалечени соларни објекти имаат орбитални карактеристики кои укажуваат дека се под влијание на гравитацијата на некои неоткриени планети, на кои научниците им го дале името "Планета 9".

Ако таа навистина постои, би можела да се појави токму во тие податоци добиени со помош на инфрацрвениот телескоп.



Спонозорирани линкови

Маркетинг