Првата самостојна прес-конференција на Трамп оценета како пресметка со медиумите

Макфакс

17/02/2017

15:23

546

Големина на фонт

а а а

Самофалби за постигнувањата од првите седмици од мандатот и критиките на нечесните медиуми кои тоа не сакаат да го видат, ја одбележаа првата самостојна конференција за новинарите на американскиот претседател Доналд Трамп, пишуваат агенциите во петокот.

Новинарите веќе во првите три минути биле обвинети дека ја игнорираат анкетата којашто покажува дека новиот американски претседател Доналд Трамп го одобруваат 55 отсто од Американците, пренесуваат агенциите Reuters и DPA и истакнуваат дека претседателот ја цитирал само анкетата во којашто се најдобри податоците за него, а наводно ги премолчил оние кои покажуваат само 40 или 39 отсто одобрување.

Четвртокот беше особено тежок ден за Трамп, бидејќи мораше да го претрпи заминувањето на првиот избор за министер за труд Ендрју Падзер, па да одговара на прашањата за оставката на својот советник за национална безбедност Мајкл Флин поради наводни блиски врски со Русија.

„Воинствен, но очигледно и повреден“, „на работ да ја загуби контролата“ оценува AFP наведувајќи дека Трамп ги бранел своите први потези откако е на власт и ја покажал својата огорченсот.

Оттаму се решил медиумите да ги стави во центарот на својата необично долга и воинствена прес-конференција, согласни се агенциите кои и пред неговиот избор за претседател на САД не му беа наклонети на Доналд Трамп.

Истекувањето на податоците е стварно, информациите се лажни

Прашањето да ги коментира неговите наводни контакти со руски оперативци во текот на својата изборна кампања, Трамп го насочил на тоа да ги обвини медиумите за објавувања на податоците кои „истекоа“ за комуникацијата на неговиот довчерашен советник за национална безбедност и рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кислјак, па пота за истекувањето на податоците од телефонските разговори коишто тој ги водел со челниците на Мексико и на Австралија.

„Прво се запрашав па како тие медиуми доаѓаат до тие информации. Истекувањето на информациите е вистинско, а информациите се лани“, одговорил Трамп.

На новинарско прашање дека оваа изјава наводно е контрадикторна, Трамп одговорил дека медиумите се „надвор од контрола“ и „нечесни“ во известувањата.

Конференцијата речиси била „тек на струењето на совеста“ на Трамп, во кој доминираа обвинувања на сметка на новинарите, пишува агенцијата DPA.

Се пожалил на „тонот“ на некои телевизиски известители, на „злобната“ приказна од насловната страница на e The New York Times, на „омразата и отровот“ кои особено ги сее телевизиската мрежа CNN и оценил “Никогаш не сум видел понечесни медиуми откако што се, искрен озборувајќи, политичките медиуми“, пренесува DPA.

Трамп на новинарите им посочил дека добил најмногу електорски гласови по Роналд Реган, а кога еден новинар му рекол дека тоа не е точно, загледувајќи се во своите белешки одговорил „Така сите ми кажаа“.

Агенцијата Reuters ги набројува „искрењата“ од прес-конференцијата. Новинарот кој му поставил прашање, претседателот Трамп прво го запрашал дали тој е „пријателски новинар“, а прашањето да ги коментира показателите за растот на антисемитизмот ги сфатил лично и одбранбено одговорил „Јас сум најмалку антисемитски расположената личност која сте имале можност да ја видите во својот живот“.

За себе уште рекол дека е „најмалку расистичка личност, на новинарот му порачал да „замолчи“ и да „седне“, обвинувајќи го дека лаже и го отфрлил неговото прашање како навредливо.

„Пораката на Трамп од неговата 77-минутна конференција за медиумите, се чини, беше насочена на истите оние гласачи кои го избраа за претседател во ноември, голем број луѓе коишто сметаат дека Вашингтон дотогаш ги занемарувал и на кои им се допаѓа неговиот имиџ кој го протресува естаблишмент“, заклучува Reuters.

Остварено толку многу за толку кусо време, а медиумите тоа не го гледаат

И агенцијата AFP пишува дека Трамп од медиумите направил жртвени јарци за неволјите кои го одбележаа почетокот на неговиот мандат за да им испрати порака на своите гласачи.

„Тука сум за да директно му упатам порака на народот,бидејќи новинарите во нашата земја нема да ви ја кажат вистината и на извонредните луѓе на оваа земја не им одаваат почести коишто ги заслужуваат“, рекол Трамп.

Денешните проблеми се резултат на „метежот’ којшто го оставил зад себе демократскиот претседател Барак Обама, порачалл Трамп и по речиси четири седмици на должноста претстави сосема позитивна слика за своето претседателствување „фалејќи го досега стореното како да е уште во кампањата“, пишува DPA.

„Администрацијата работи како добро стокмена машина. Досега немало претседателствување во коешто е сторено толку многу за толку кусо време“, се пофалил Трамп и порачал дека „а големата работи сé уште не сме ја започнале“.

„За жал медиумите тоа не го гледаат“, рекол Трамп и појаснил „Ќе го вклучам телевизорот и ќе ги отворам весниците и гледам само приказни за хаосот, хаосот. А всушност е сосема спротивното“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг