Еден од најбараните џихадисти е убиен: Неговата последна порака пред смртта внела страв во коските на лидерите на ИСИС

Точка

17/02/2017

15:16

8.976

Големина на фонт

а а а

Аудио снимката која била направена во декември со намера да биде објавена по неговата смрт, се проширила на социјалните мрежи доцна во средата.

Еден од најбараните француски џихадисти наводно е убиен во американски воздушен напад во близина на Мосул во Ирак, кој е под контрола на ИСИС. Оваа вест ја потврдил Пентагон, како и канали на социјалните мрежи кои ги користи ИСИС.

Рашид Касим е роден во 1987-та година. Мајка му била со алжирско, а татко му со ерменско потекло. Бил високо профилен член на екстремистичката група и регрутирал нови членови преку Фејсбук.

Француските власти го обвинуваат за убиства со нож во текот на 2016-тата година. Жртви му биле француски полицаец и неговата сопруга, како и свештеник на кој му ја отсекол главата. Го поврзуваат и со многу други злосторства.

Аудио снимката која била направена во декември со намера да биде објавена по неговата смрт, се проширила на социјалните мрежи доцна во средата.

Во пораката наведува дека му било барано да изврши самоубиствен напад, но ги критикува лидерите на ИСИС затоа што праќаат свои луѓе на линијата на фронтот, а самите не се подготвени да го направат истото. Исто така, ги моли своите соборци подобро да ги третираат жените убиени во акции, пренесува Independent.

Во јули минатата година, кога во Ница настрадале 86 луѓе, Касим објавил видео каде обезглавил еден заробеник, и на кое повикува на уште напади против француски државјани.

Тој бил на мета на напади на американската коалиција во близина на Мосул на северот на Ирак минатата седмица, пренесува Пентагон.

Во САД и Франција било потврдено дека Касим бил убиен на 8-ми февруари.



Висок службеник во контра-терористичките активности рекол за AFP дека немало "апсолутна потврда за неговата смрт", но дека можноста е навистина голема.

Касим станал радикален исламист по патувањето во Алжир во 2011-тата година. По враќањето во Париз му било забрането да оди во локалната џамија поради неговата насилна реторика и наместо тоа се свртел кон музиката и пишување на рап текстови со наслови како "Јас сум терорист". Ја напуштил Франција и заминал во Сирија во 2012-тата година. Сопругата и трите деца ги повел со себе.

Околу 240 луѓе биле убиени во Франција во напади на ИСИС од почетокот на 2015-тата година.

Оваа земја заедно со САД учествува во нападите против ИСИС на територијата на Ирак и Сирија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг