Од стара фабрика до импресивен стан во модерен стил

Точка

17/02/2017

14:36

1729

Големина на фонт

а а а

Претворањето на старите фабрички хали во удобен простор е предизвик во кој се впуштаат сите љубители на индустрискиот стил и пространоста на работничките дворови.

Внесувањето на нов живот во заборавен простор, често е проект кој бара повеќе финансии и одвоено време, но кога резултатот е волку импресивен – вреди вложениот труд!

Идејниот проект на овој стан во Будимпешта го потпишуваат дизајнерите Tatiana Golovach и Andrey Kot. Според нивните замисли, исклучително високите тавани се искористени за изградба на галерија на првиот кат, во која се сместени спалната соба и работната соба, како и големите гардеробери и бањата.

Поединечните ѕидови се реновирани и украсени со декоративни панели, со што се добива комбинација oд различни бои, текстури и геометрии.


Во дневната соба се наоѓа раскошна гарнитура во зелена боја, две виолетови фотелји како и модерни бели ормари, кои го разведруваат просторот. Висината на ѕидовите е искористена за изградба на голема, домашна библиотека, а црните цевки околу полиците го надградуваат основниот концепт на домот.


Декоративните панели се во неутрална боја, но нивната текстура е одличен детаљ кој внесува динамика во ентериерот. Изворните прозорци се оставени во нивното постоечко издание, кои го преплавуваат големиот простор со природна светлина.


Кујната оддава чувство на топлина, со своите зелени кујнски елементи и деталите во црвена боја, како што е фрижидерот. Таа е одделена од другите соби со големи, стаклени панели, украсени со црни метални рамки.



На горниот кат се наоѓа спалната соба во која преовладуваат земјени тонови, а истата води до практичната работна просторија.






Бањата е светла и прозрачна, со неутрална палета на бои кои оставаат впечаток на пространост. Бакарната када е одличен додаток во просторот, кој е истовремено и елегантен и vintage.




Спонозорирани линкови

Маркетинг