John Newman на отварањето на овогодинешниот Sea Dance фестивал!

Точка

17/02/2017

13:55

2.646

Големина на фонт

а а а

Британската соул ѕвезда и еден од најбараните музичари на денешницата – John Newman, ќе настапи на отворањето на овогодинешниот Sea Dance фестивал.

Минатата година, Newman приреди незаборавно шоу пред 30 илјади фанови на главната бина на Exit. Oваа година, ваквиот спектакл е закажан за 13 јули, на плажата Јаз.

John Newman постојано ја разбранува музичката индустрија со своите хитови, меѓу кои се и “Feel The Love” и “Not Giving In” во соработка со групата Rudimental и добро познатите “Love Me Again” и “Cheating”, oд хит албумот “Tribute”.

Број 1 хитовите му донесоа светска слава, поради која John стана редовен гостин на најголемите фестивали како што се Glastonbury, Exit, Isle of Wight, Coachella и многу други.



Newman е актер во една од најтешките приказни од музичката сцена. Тој, борејќи се против сите шанси, од тешкиот, сиромашен живот во Јоркшир, се издигна до статус на пејач кој сè претвора во чист триумф.

Љубовта кон музиката му ја пренела неговата самохрана мајка, која ги обожавала звуците на продукциските куќи Motown и Atlantic. Растењето во сиромашна средина го доведувало John до чести тепачки и проблеми со полицијата, кои денес се одразуваат во неговата изразена самодоверба и горкиот темперамент.

Newman има изгубено двајца најдобри пријатели во сообраќајна несреќа, а денешниот глас тој го формирал, преживувајќи ја таа болка. По студиите на музичкиот колеџ, тој се сели во Лондон и ги запознава момците од Rudimental, со кои подоцна соработува и стекнува планетарна слава.

“Во светот денес има премногу ѕвезди, а мал број на уметници” – вели пејачот, кој сам ги пишува и продуцира своите песни, и поседува редок талент и туѓата песна да ја направи своја.

Покрај Newman, Sea Dance најави уште еден “headliner”, а тоа е мегапопуларниот Sean Paul!


Спонозорирани линкови

Маркетинг