Санчез веќе пронашол нов клуб?

Точка

17/02/2017

16:00

2162

Големина на фонт

а а а

Според англиските медиуми, голема е веројатноста Алексис Санчез да ја напушти екипата на Арсенал во летниот преоден рок.

Алексис Санчез не бил задоволен од Арсенал и имал намера да ги напушти „Топчиите“. Како што пренесваат англиските медиуми, Чилеанецот најверојатно ќе се врати во италијанска Серија А, а најсериозни кандидати за неговиот потпис биле екипите на Јувентус и Интер.

Покрај тоа, доколку не се врати во Италија, најсериозни кандидати за ангажман на Санчез биле екипите на француски ПСЖ и шпански Атлетико Мадрид.

Оваа сезона Санчез е една од ретките светли точки во екипата на Арсен Венгер. На 33 одиграни натпревари во сите конкуренции, Санчез постигна 20 гола и додаде 16 асистенции.


Спонозорирани линкови

Маркетинг