Нацијата која мрази да доцни

Точка

17/02/2017

13:41

5684

Големина на фонт

а а а

Швајцарците "црпат" искрена среќа и задоволство само од фактот дека животот се одвива "на време" и на многу ефиксаен начин.

Иако многу земји се оптоварени со најразлични стереотипи, во случајот на Швајцарија не станува збор за стереотипи туку цврст факт.

Нацијата од Алпите навистина е многу ефикасна. И прецизно точна. Чиста, исто така. За хроничните касначи, неефикасните трошачи на своето време (да не споменуваме несовесни) луѓе како мене, посетата на Швајцарија ми дојде како коктел емоции: стравопочит, олеснување и мааала иритација.


За Швајцарците, точноста на време не е само знак на добри манири или бонбонче во бифето на животот. Точноста на време за нив е извор на длабоко задоволство. Швајцарците, се чини дека се претплатени на размислите на германскиот филозоф Шопенхауер и неговата дефиниција за среќа која гласи "отсуство на мизерија". Тие "црпат" искрена среќа и радост од фактот дека се' во животот се одвива "на време" и на многу ефикасен начин.

Кога и да ја посетам Швајцарија, поминувам низ неколку фази на реакција на нивната точност. Најпрво - ме воодушевува, особено ако доаѓам од соседна Италија или франција кои имаат поприлично флексибилен пристап кон часовникот. Спротивно на тоа, животот во Швајцарија е е здрав и сигурен, како куче Бернардинец. Ако некој ми каже дека ќе се сретнеме во 14:00 часот, тој некој ќе пристигне на договореното место во 14:00, не во 14:05 (или 13:55 на пример). Не, туку точно во 14:00. И мислам дека ми се допаѓа ова. Барем некое време. Потоа започнува да ме иритира. Екстремната точност ми делува како некој вид на себичност па дури се начекав себе си како се согласувамсо англискиот писател Evelyn Waugh кој рече "точноста на време е облест на здодевните".


Но ова не е фер и не е ни точно. Научив да ја почитувам Швајцарската точност поради тоа што навистина е: длабок израз на почит кон другите луѓе. Човек кој е точен на време е внимателен човек. Со појавувањето во договореното време, за се', швајцарецот ви кажува "Јас го ценам вашето време, а со тоа ве ценам и почитувам и вас"..

Не е коинциденција што Швајцарците се најдобрите производители на часовници во светот. Што дошло прво на светот - одржувачите на прецизноста на времето или прецизните луѓе? Тешко е да се одговори, но резултатот е ист: нација во која возовите и се друго навистина е на време. А потоа тука се и јавните тоалети.. "Сте ги забележале нив?" праша Дитер, швајцарски лекар, додека пиевме пиво во текот на попладневните часови во Женева. "Тие се пречисти" - и тој беше во право. Јавните тоалети во Швајцарија навистина се чисти - како и се останато. Во некои земји би било самоубиство да се напиете вода од чешма. Во Швајцарија ова е во мода. Водата доаѓа од природни извори. Како да си ги објасниме точноста и чистотата? Никој не знае.. Но популарната теорија е дека ова произлегува од непростливиот планиниски терен. Или ќе го испланирате садењето на вашите култури на време и ќе ги берете исто така во прецизно одредено време - или ќе гладувате.


Точноста на време, за жал, во голем дел од светот е уметност во изумирање. Мобилните телефони се делумно виновни за ова. Се чувствуваме помалку принудени да пристигнеме на време бидејќи секогаш можеме да го контактираме човекот со кого сме договорени и да му кажеме дека ќе закасниме неколку минути или да одложиме. Но јас немам чувство дека ова се практикува и во Швајцарија. Susan Jane Gilman, американска авторка која живее во Женева изминатите 11 години раскажува со стравопочит како таа никогаш не добила такси кое закаснило барем една минута од времето кое и го кажала диспечерката или дека не било точно на своето место каде што го нарачала. Таа исто така се восхитува на тоа дека кога си нарачала фрижидер, компанијата која наведува дека врши испорачка за два часа - навистина била со фрижидерот кај неа пред врата по точно два часа.



Спонозорирани линкови

Маркетинг