ФИА негира дека имало неправилности околу продажбата на Ф1

КРУГ.МК

17/02/2017

18:00

1.398

Големина на фонт

а а а

Раководното тело на Формула 1, Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА) излезе со официјално соопштение околу најавата дека Европската комисија при Европската Унија има намера да спроведе истрага околу превземањето на спортот од страна на Либерти Медиа.

Американците лани во Септември објавија дека имаат намера да го превземат спортот, а зделката вредна 8 милијарди долари ја комплетираа минатиот месец. ФИА беше обвинета за конфликт на интереси затоа што го продала својот 1% акции кои ги има во Делта Топко, компанијата сопственик на Формула 1.

Официјалното соопштение на ФИА:

По едногласното одобрување од Светскиот Мотор Спорт Совет за промена на контролата во Делта Топко Лимитед (холдинг компанијата на сопственикот на комерцијалните права на ФИА Формула 1 првенството) од ЦВЦ Капитал Партнерс, а во корист на Либерти Медиа Корпорејшн на 18 Јануари 2017 година, Интернационалната Автомобилистичка Федерација (ФИА) е свесна за одредени декларации и коментари кои очигледно неточно информираат за неправилности во постапката.

Прво, наградите кои се алоцираат од Формула 1 шампионатот се прават во согласност со билатерални договори кои постојат помеѓу секоја екипа и сопственикот на комерцијалните права. ФИА не знае ништо за овие договори.

Второ, нема конфликт на интереси во делот на ФИА, а во однос на одобрувањето на промената на контролата кај сопственикот на комерцијалните права што е одобрено од Светскиот Мотор Спорт Совет, а земајќи ги во предвид само условите на постоечкиот договор помеѓу сопственикот на комерцијалните права и ФИА, а во најдобар интерес на првенството.

Согласно договорот потпишан во 2001 година, а со рок на важност од 100 години, ФИА може да не даде согласност за промена на контролата само доколку тоа материјално ја загрози способноста на сопственикот на комерцијалните права да ги исполни своите обврски, а очигледно е дека превземањето од стран на Либерти Медиа не носи таков ризик и никој никогаш не го предочил тоа.

ФИА природно е среќна што демонстрира отсуство на било каков конфликт на интереси за било кон надлежен авторитет.

За крај, ФИА гледа напред кон соработката со Либерти и Формула 1 Груп за да се создаде врска која ќе обезбеди константен успех и развој на првенството на долг рок.


Спонозорирани линкови

Маркетинг