Булие: Ќе имаме нова боја и ќе се обидеме да изненадиме

КРУГ.МК

17/02/2017

15:00

754

Големина на фонт

а а а

Тркачкиот директор на Мекларен, Ерик Булие, потврди дека болидот на екипата ќе биде во нова боја и дека постои можност да бидат изненадување во сезоната.

„Ќе видите промена во бојата, почекајте неколку денови и ќе видите“.

Возобновеното партнерство на Маклрен и Хонда сеуште треба да ги донесе очекуванте резултати, а Булие смета дека претсојната сезона е годината кога ќе се поклопат коцките.

„Ние сме аутсајдери, но можеме да бидеме изненадување на сезоната. Хонда работи одлично во делот на моторот и може да се носиме со Мерцедес, Ред Бул и Ферари. За Мекларен тоа ќе биде целосно нов болид и целосно нов мотор, но не почнуваме од нула поради тоа што искористивме искуство од минатото за да напредуваме“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг