Aston Martin со помош на хрватски Rimac ќе го произведе најбрзиот автомобил на светот

Точка

17/02/2017

17:00

6.430

Големина на фонт

а а а

Кога за прв пат беше претставен Aston Martin RB 001 во јули минатата година, на прв поглед се чинеше дека станува збор за уште еден амбициозен проект кој најверојатно ќе остане во прототип фаза.

Сепак, од Aston Martin неодамна потврдија дека развојот на RB 001 е во завршна фаза и дека очекуваат првиот примерок на овој автомобил да го здогледа светлото на денот веќе во 2018-та година.


Тоа што е најинтересно е што реномираниот Aston Martin, за да успее во својата намера да го произведе најбрзиот автомобил на светот, ќе соработува со „малата“ хрватска компанија Rimac, нешто што дефинитивно ќе значи голем исчекор на компанијата која што ја смести Хрватска на светската технолошка мапа.


Иако информациите кои што доаѓаат од Aston Martin засега се прилично скромни, според последните информации RB 001 ќе користи погон кој 6,5-литарскиот V12 мотор конструиран од Cosworth ќе биде впарен со хибридниот батериски KERS систем на хрватски Rimac.

Како што велат од Aston Martin, токму тоа ќе овозможи RB 001 да се најде на првото место како најбрз автомобил на светот. Имено, Track Only верзијата би требало да понуди перформанси слични на LMP1 класата на „Ле Манс“ тркачките автомобили, што значи дека патеката „Силверстоун“, новиот RB 001 би ја извозил за некои 20 секунди побрзо време во однос на McLaren P1 или Porsche 918.





Спонозорирани линкови

Маркетинг