Откриен е најголемиот новитет на новиот Ајфон

Точка

17/02/2017

16:00

6.980

Големина на фонт

а а а

Наместо Home копчето, новиот Ајфон на долниот дел од екранот ќе има простор за виртуелни копчиња кои што веројатно ќе се менуваат според потребите на апликацијата.

Еден од најпознатите аналитичари кој што е добро запознаен со случувањата во Apple, Минг Чу Куо од компанијата KGI, според многумина, го откри најголемиот новитет кој што треба да пристигне со најновиот Ајфон.

Новиот паметен телефон на Apple би требало да има екран со дијагонала од 5,8 инчи и би бил сместен во куќиште со слични димензии на последниот модел на Ајфон кој што има екран со големина од 4,7 инчи. Но, Куо вели дека „искористливиот дел од екранот“ ќе има дијагонала од 5,15 инчи, додека на долниот дел ќе бидат сместени виртуелните копчиња.


Иако Куо не прецизираше какви се плановите на Apple со тој долен дел од екранот, аналитичарите веруваат дека тука можеме да очекуваме копчиња наменети за активности во секоја апликација поединечно, што значи дека копчињата ќе се менуваат во однос на апликациите кои што се користат.

Покрај тоа, Куо тврди дека новиот Ајфон ќе добие и сензор за препознавање на лице, па така телефонот автоматски ќе се отклучува кога ќе го препознае сопственикот.


Покрај наведеното, од новиот Ајфон треба да очекуваме помоќна батерија, двојна камера, водоотпорност и безжично полнење и секако најмоќниот процесор на Apple досега. Доколку информациите на Куо за долниот дел од екранот се навистина точни, тогаш можеме да очекуваме и нов iOS оперативен систем кој ќе биде прилагоден за тоа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг