Витаминот Д би можел да ве заштити од респираторни инфекции

Точка

17/02/2017

12:59

2.740

Големина на фонт

а а а

Витамин Д суплементите можат да помогнат да се намали ризикот од развој на акутни респираторни инфекции, особено кај оние луѓе со недостаток на витамин Д, открива новата мета-анализа објавена на 15-ти февруари.

Сепак, некои експерти предупредуваат дека овие наоди не треба да ја менуваат клиничката пракса бидејќи шансите за апсолутни придобивки се релативно мали.

"Витамин Д суплементацијата резултираше со статистички значајно намалување на процентот на учесниците кои добија акутна инфекција на респираторниот тракт по неа", пишува Адријан Р. Мартино, Д-р од Универзитетот "Queen Mary" во Лондон, Велика Британија.


"Пациентите кои имаа недостаток од витамин Д како и оние кои не го внесувале доволно имаа најголеми придобивки од неговата суплементација во истражувањето."

Според авторите, акутните респираторни инфекции се значително голема причина за многу болести па и смрт, и во 2013-та година тие придонеле за една десетина од посетите на абулантскиот и одделот за итни случаи во САД како и околу 2.65 милиони смртни случаи ширум светот.

Иако некои опсервациски студии ги поврзаа пациентите со ниско ниво на витамин Д со поголема подложност на акутни респираторни инфекции, вклучувајќи настинки и грипови, клиничките испитувања покажуваат дека заштитниот ефект на суплементите на витамин Д имаат конфликтни резултати.


Затоа д-р. Мартино со колегите спроведе систематски преглед и мета-анализи на индивидуалните податоци на секој учесник по суплементацијата на витамин Д. Со индивидуалните податоци би можеле да се идентификуваат факторите кои треба да помогнат да се објасни разликата во резултатите меѓу претходните студии, велат авторите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг