Мрачни предвидувања за иднината: Светот за неколку години го очекува опасно сценарио

Точка

17/02/2017

17:31

5.766

Големина на фонт

а а а

Иако е рано да е прогнозира како ќе заврши мандатот на Трамп, сепак јасно е дека новиот американски претседател не ја започна славно својата претседателска „авантура“.

Трамп се заканува на сите страни, во конфликт е речиси со сите во и надвор од САД, а притоа ги игнорира советите на неговите најблиски соработници и експертите. Познатиот аналитичар на германски „Шпигел“, Хенрик Мулер прогнозира што ќе се случи со светот во следните четири години, односно до 2021-ва година.

Трговската војна и последиците

Како што ветуваше, Трамп започна да воведува царини кон разни држави. Некои му возвратија, па дојде до затворање на економиите, повеќето од производите поскапеа, а откажани се бројни инвестиции.

Многу земји бележат пад на благосостојбата, но во САД производството по малку се враќа. На прв поглед тоа изгледа позитивно, но според Мулер, се подготвува стартот на трговската војна. На високите царини на САД, реакцијата на пазарот е тоа што валутите како мексиканскиот пезос, кинескиот јуан или еврата се прилагодуваат така што малку губат од вредноста.


Доларот поради тоа излегува премоќен, а Трамп ги обвинува другите за манипулација со валутите - почнувајќи од Мексико, преку Кина па се до „сојузничката“ ЕУ. Тој забранува увоз на некои производи, а тие му возвраќаат.

Во продолжение, се разурнува чувствителниот светски монетарен систем, посебно страдаат малите економии и компании. Владите поради тоа превземаат контрола над своите централни национални банки и полека парите започнуваат да се користат како оружје.

Свет на конфликти

Светскиот систем кој што го сочинуваа Обединетите нации, Светската банка, ММФ, НАТО, повеќе не постои. Трамп води таква политика така што во даден момент го спроведува токму тоа што мисли дека ќе ги направат помоќни САД и не обрнува внимание на меѓународните обврски. САД се повлекува од Европа и Азија.

Кина сега доминира со пацифичкиот регион. Русија доминира со источна Европа и централна Азија. Хегемонизмот во своите региони започнуваат да го практикуваат и Бразил и Индија. Самото тоа по себе не би било проблем доколку новите позиции не се утврдуваат со гледање преку нишан. И така стигаме до Блискиот исток - Израел, Саудиска Арабија и Иран се чувствуваат многу несигурно.


Русија останува присутна во Сирија после војната, САД е присутен во Израел затоа што сака и натаму да го контролира својот дел од нафтата на Блискиот исток. 2021-ва година ќе биде четвртата година во низа во која што трговијата и производството на оружје драстично расте.

Европа и Африка помеѓу чеканот и наковалната

Околу тоа што се случило со климатските промени, Мулер не навлегува затоа што тоа не е негово подрачје. Во меѓувреме, во 2021-ва година е јасно дека Русија се обидува да командува со Европа поддржувајќи политички струи како популистичката десница, па со доведувањето на такви влади на власт, да ги извлекува земјите од ЕУ. Истото го прави и САД за свој интерес.

ЕУ и покрај тоа и натаму е моќна. Се избори со бегалската криза и кризата со еврото, но константно избиваат нови проблеми. Тоа што ЕУ опстоила според Мулер ќе биде делумно заслуга на неколку среќни случајности.

Членките на ЕУ не успеале да се договорат околу заедничките воени сили, па така опаѓа моќта на заедничката одбрана на границите на ЕУ. Членките на ЕУ поради тоа самостојно се вооружуваат. Африка е многу полошо место за живот. И поради климатските промени и поради хаосот во светот поради растечкиот број на популацијата. Светот е посиромашен и поопасен.


Пораз на десничарите

Десничарката Марин Ле Пен сепак не победи на претседателските избори во Франција. Не дојде до финансиски распад на Европската унија, Трамп не започна ниту една голема војна, а националистичките популисти не успеаа да дојдат на власт во најмоќните земји на Европската унија. Сепак, не дојде до глобална финансиска катаклизма.


Спонозорирани линкови

Маркетинг