Никол Кидман открива тајна: Еве за која светска ѕвезда била верена

Точка

17/02/2017

10:31

4.152

Големина на фонт

а а а

Во ТВ серијата "Big Little Lies", чија прва епизода беше премиерно прикажана пред неколку дена, во која главните протагонисти се Никол Кидман и Зои Кравиц, соработувајќи со ќерката на музичката легенда ја инспирирало Кидман да сподели еден детал од приватниот живот кој го криела со години.

Всушност, Кидман во изјавата за медиумите откри дека познанството со ќерката на Лени Кравиц датира од времето кога таа се забавувала со славниот пејач.


"Ја познавам Зои повеќе од 10 години бидејќи бев верена за нејзиниот татко. Го обожавам Лени, тој е прекрасен човек", изјавила актерката.


Инаку, Кидман се забавувала со Лени Кравиц веднаш по разводот од Том Круз, а колку биле дискретни сведочи фактот што ниту медиумите не знаеле за нивната врска.


"Не ни идеше. Јас не бев подготвена, а ниту тој", изјави Кидман во интервју за Vanity Fair која го дала по раскинувањето на веридбата во 2007-ма година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг