Роман Полански се враќа во Лос Анџелес: Силувал малолетничка и побегнал?

Точка

17/02/2017

10:11

2.587

Големина на фонт

а а а

Режисерот Роман Полански би можел да го дочека исходот од случајот од 1977-ма година. Го обвиниле за силување малолетничка па побегнал од таа земја и никогаш веќе не се вратил.

Роман Полански започнал да го подготвува теренот за неговото враќање во САД, од каде што избегал кога го обвиниле за силување на 13-годишна малолетничка, па планира да се врати во Лос Анџелес и да го реши ова прашање еднаш засекогаш, а притоа и да избегне затворска казна.


Неговиот славен адвокат Харланд Браун, побара од судот во Лос Анџелес да го испечати тајното сведочење на тужителот во случајот на Роман Полански. Адвокатот верува дека тајното сведочење ги потврдува изјавите на режисерот, според кое му билe одредени 48 часа зад решетки, по што би бил слободен.


Нaместо тоа, ситуацијата започнала да се одвива малку поинаку. Полански во затвор поминал 42 дена, по што го пуштиле на слобода. Но судијата Лоренс Ритенбанд наводно одлучил да им нареди на обвинителите да предложат казна за Полански до 50 години затвор. Поради ова тогаш Полански си заминал од САД во Европа. Полански тогаш поминал уште 334 дена во притвор во Швајцарија, од каде што властите се обиделе да го екстрадираат во САД. Но судот донел одлука дека Полански го прележал времето кое му било одредено и одбиле да го екстрадираат во САД. Поради оваа одлука адвокатот сега сака да го врати режисерот во САД и да ја расчисти ситуацијата.

Браун сака да ги реши сите пречки кои се наоѓаат пред Полански, а сето тоа за да може да дојде во САД и да го посети гробот на Шерон Тејт, неговата покојна сопруга. Таа била трагична жртва на сектата на Чарлс Менсон, а во моментот на убиството била бремена со нивно дете. Полански е уморен и повеќе не сака да биде во бегство, сака слободно да патува и да го посети гробот на својата жена, но и ќерката која живее во Лондон.


Кога станува збор за тогаш малолетната жртва, таа денес има 50 години и од судот побарала да се затвори случајот без наметнување на затворска казна врз Полански. Случајот со силувањето го потресе Холивуд уште тогаш. Сепак на неговата кариера тоа и не остави некоја поголема дамка. Холивуд продолжи да соработува со Полански, а тој продолжи да режира хитови. Од безбедна дистанца!



Спонозорирани линкови

Маркетинг