Малезија не сака да го врати телото на братот на Ким: Прво Кореја да обезбеди ДНК

Точка

17/02/2017

10:10

551

Големина на фонт

а а а

Малезија нема да го врати телото на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кој починал во Куала Лумпур, додека неговото семејство не обезбеди ДНК примероци, и покрај барањето на Пјонгјанг, изјавил денес Абдул Самах Мат, шеф на полицијата во малезиската држава Селангор.

"Досега ниеден член на семејството ниту роднина не дојде да го идентификува или преземе телото. Потребен ни е ДНК примерок од некој од членовите на семејството за да го споредиме со починатиот", изјавил Абдул Самах Мат.


Според неговите зборови Северна Кореја пратила барање да го преземе телото, но пред тоа мора да се идентификува починатиот, додал Мат.


Портпаролот на малезискиот премиер Ахмад Захид Хамиди, вчера изјавил дека Малезија ќе го врати телото на полубратот на севернокорејскиот лидер, кој бил убиен во Куала Лумпур, на барање на Пјонгјанг.


"Ќе излеземе во пресрет на било која странска влада иако постојат процедури, кои мора да ги почитуваме. Нашата политика е да ги почитуваме билатералните односи со сите држави", рекол Хамиди, пренесуваат агенциите.


На прашањето на новинарите дали убиството на Ким Јонг Нам ќе влијае на односите помеѓу двете држави, Захид Хамиди одговорил одречно и додал дека Малезија сака да ги зајакне односите со било која држава која има амбасада во оваа земја.


Малезиската полиција во четвртокот привела и трето осомничено лице поврзано со убиството на Ким Јонг Нам.

Притворен е маж, животен партнер на втората осомничена жена, рекле од полицијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг