Животот во Калифатот на Исламската држава: Еве колку џихадистите наплаќаат за казни, комуналии, данок...

Точка

17/02/2017

12:17

3.201

Големина на фонт

а а а

Исламската држава се обидува да го надомести губењето на териториите и ресурсите со зголемување на казните и даноците кои што им ги наметнува на своите "граѓани". Еве колку се плаќа за казни и разни надоместоци на териториите кои се под контрола на џихадистите.

Терористичката организација Исламска држава континуирано губи територии, а со тоа губи и популација и ресурси. Приходите на терористите паднале за речиси 30 процети во однос на периодот кога оваа организација го достигна врвот на својата моќ, а се проценува дека во меѓувреме загубиле и околу три милиони жители.

Загубите џихадистите сега се обидуваат да ги надоместат со зголемување на казните и даноците, покажува анализата на организацијата "IHS Conflict Monitor".

Камионите кои што минуваат преку пунктовите на Исламската држава сега мора да платат од 600 до 700 долари, додека пак цената во 2015-та година изнесувала околу 300 долари. На територијата под контрола на ИСИС се казнува за непримерно однесување, па така за поседување на кутија цигари казната изнесува 46 долари, а за поседување или конзумирање на алкохол казната изнесува до 100 долари, со дополнителна „телесна казна“.


Се проценува дека 30 проценти од приходите на ИСИС доаѓаат од земјоделството, па хектар наводнувано земјиште локалните земјоделци можат да најмат за 45 долари годишно, плус 10 проценти од приносот остварен на таа земја.

Постои и одредба за напуштање на својот дом, а истата варира од град до град, во зависност од тоа што ќе одлучат управителите на регионот. Надоместот за напуштање на главниот град на Калифатот - сирискиот град Рака изнесува 800 долари, а доколку не се вратите дома во рок од 15 дена, ќе го загубите имотот.

Еве како изгледа ценовникот со казни и разни надомести кои што ги плаќаат жителите од регионите кои што се под контрола на најозлогласената терористичка организација на светот.

Неприфатливо однесување:

Неправилно носење на изар (традиционална облека) - 5 долари
Жена со откриени очи - 25 долари
Жена без ракавици - 30 долари
Поседување на кутија цигари - 46 долари за мажи, 23 долари за жени
Пушење цигари - 25 долари
Поседување на алкохол - 100 долари и 80 удари со камшик
Конзумирање на алкохол - 50 долари и 50 удари со камшик


Прекршување на законот:

Фалсификување на лична карта - 46 долари
Немање на лична карта - 5 долари
Автомобил без официјални регистарски таблички на ИСИС - 43 долари
Нелегален превоз на патници - 23 долари по патник
Возење во еднонасочна улица - 25 долари
Напуштање на Рака - 800 долари

Образование:

Упис во основно училиште - 22 долари
Упис во средно училипте - 65 долари

Комунални услуги:

Електрична енергија и вода за домаќинство - 18 долари месечно
Електрична енергија за трговија - Од 90 до 180 долари во зависност од локацијата
Чистење на отпад - 2 долари за домаќинство, 23 за трговски продавници


Спонзорирани линкови

Маркетинг