Првиот состанок помеѓу десната рака на Путин и Трамп: Лавров и Тилерсон разговарале за односите помеѓу САД и Русија

Точка

16/02/2017

20:30

2.484

Големина на фонт

а а а

Шефот на руската дипломатија рекол дека двете земји имаат „многу прашања“ за кои треба да разговараат, изразувајќи надеж дека ќе воспостават „параметри за идна соработка“.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес се сретнале за прв пат, што е воедно првиот контакт „тет – а – тет“ на највисоко ниво помеѓу овие две земји откако Доналд Трамп ја превзеде функцијата претседател на САД.


Тие се состанале на маргините на конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите членки на Г20 во Бон, пренесува АП.

На почетокот на состанокот, на прашањето дали Русија е загрижена поради превирањата во администрацијата на Трамп, Лавров рекол дека стандардниот став на Москва е дека „Русија не се меша во внатрешните прашања на другите земји“, пренесува АП.


Шефот на руската дипломатија рекол и дека овие две земји имаат „многу прашања“ за кои треба да разговараат, изразувајќи надеж дека ќе воспостават „параметри за идна соработка“, наведува Ројтерс.

Најмногу дипломати од Русија и САД се состанале неколку дена откако Трамп побарал оставка од неговиот клучен советник за национална безбедност, Мајкл Флин, во екот на обвинувањата за неговите разговори со руски функционери, потсетува британската агенција.


Спонозорирани линкови

Маркетинг