Заштита од зарази: Еве како да ја исчистите четкичката за заби од бактерии и нечистотии

Точка

16/02/2017

19:30

5.311

Големина на фонт

а а а

Со овој трик многу лесно ќе ги убиете сите бактерии и микроби на вашата четкичка за заби.

Повеќето луѓе ги чуваат своите четки за заби на мијалникот во бањата, а тоа е најлошото место за чување! Причината за тоа е непосредната близина до WC школката, од која со секое пуштање на вода во воздухот се ослободуваат безброј бактерии, но и поради тоа што миете раце над мијалникот.


Стоматолозите препорачуваат да ја менуваме четкичката за заби на секои три месеци, но и откако ќе прележиме грип, бактериско воспаление или настинка. Но, честото купување на четка за заби можете да го избегнете ако сами добро ја дезинфицирате.

За тоа ви се потребни само алкохолен оцет и една стаклена чаша. Сè што треба да направите е да ставите неколку супени лажици оцет во стаклената чаша и да ја ставите вашата четка за заби во неа. Оставете да отстои 15 – 30 минути, а потоа извадете ја, измијте ја со вода и оставете ја да се исуши.


Алкохолниот оцет обично се користи во домаќинството како природен отстанувач на нечистотии и лесно ќе ги убие сите бактерии и микроби на вашата четка за заби.


Спонозорирани линкови

Маркетинг