Откриен осми континент: Која тајна ја крие Зеландија?

Точка

16/02/2017

16:34

11.813

Големина на фонт

а а а

На нашата планета постои уште еден скриен континент кој е прикачен на Нов Зеланд.

Истражувачите утврдиле дека Нов Зеланд и Нова Каледонија се одвоени од Австралија и дека припаѓаат на тој нов континент од 4,6 милиони квадратни километри.

Во истражувањето кое го објавило Геолошкото друштво на Америка, се тврди дека 94 проценти од овој континент е под вода, што е последица од слабеењето на оваа плоча пред раздвојувањето на континентите.

Според зборовите на истражувачите, ова откритие не е само едно име на листата, бидејќи Зеландија, како што е наречен, може да понуди низа податоци за настанувањето на континентите.



Претходната теорија била дека станува збор за низа потопени острови.

Доколку Европа и Азија се сметаат како посебни континенти, ова е осмиот континент на планетата.

Зеландија има кора со дебелина од 10 до 30 километри, и отприлика е голем колку Индија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг