Рикардо: Фанови, подгответе се за побрзи свиоци

КРУГ.МК

16/02/2017

16:17

708

Големина на фонт

а а а

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, е сигурен дека секој што ќе ги види Формула 1 болидите како минуваат низ брзи свиоци оваа година ќе биде воодушевен од глетката.

„Смешкото“ секако дека алудираше на добивките од поголемата потисна сила и пошироките пневматици, комбинација која треба да ги забрза болидите до 5 секунди по круг.

„Болидите ќе бидат побрзи, гумите пошироки така што на некои потесни патеки ќе биде малку тешко да се возе особено што и целиот болид ќе биде поширок. Исто така, ширината може да ги намали можностите за претекнувања во одредена мера. Но, ако сте фан, застанете до брз свиок на било која патека и ќе видите што навистина зборувам“, објасни Рикардо.
Даниел смета дкеа нема да бидат потребни 100 кругови за да се увиди дека болидите се побрзи и дека тој се подготвува напорно за тоа што следува.

„Има многу малку денови за тестирање, а време на патека е клучно за болид во развој, но и за нас возачите. Знам дека мојата предсезона е најдобрата која сум ја имал досега во однос на физичката подсготовка, но сеуште немам возење на болидот.

Откако ќе решите се во однос на издржливоста сакате да поминете во свиок во кој ќе почувствувате навистина брз болид под себе. Кога ќе бидете на летечки круг ќе сватите за што зборувам, начинот на кој се управува и се кочи, знаете дека е навистина брзо. Се надевам дека првиот летечки круг ќе биде прекрасен“, заврши Рикардо.


Спонозорирани линкови

Маркетинг