7 чуда на природата кои изгледаат како да не се од овој свет

Точка

16/02/2017

17:53

5.508

Големина на фонт

а а а

Азија има фантастична кујна, неверојатни згради и архитектура, но и природни убавини кои секој сериозен светски патник мора да ги види барем еднаш во животот.

1. Кинески планини во бои на виножито


Овие шест планини од геолошкиот парк Zhangye Danxia во Кина, во 2010 година се ставени на листата на Светско наследство на УНЕСКО. Тие настанале пред неколку милиони години поради поместувањето на тектонските плочи, а во текот на годините природата создала неверојатна глетка во боите на виножитото.

2. Највисокиот слатководен систем во Непал


Искачувањето на Монт Еверест е неверојатно искуство, но не е за секого. Наместо тоа, уживајте во прекрасниот поглед на шестте планински езера на планината Гокио Ри (5357 метри), кои имаат тиркизна боја. Тие заземаат околу 10 километри и се сметаат за највисокиот слатководен систем во светот.

3. Чоколадни ридови на Филипините


Задолжително посетете го и Националниот геолошки споменик на Филипините – чоколадните ридови на островот Бохол. На околу 50 километри квадратни се сместени нешто повеќе од 1700 ридови кои настанале со ерозија на карпите, а препознатливата боја на чоколада ја имаат во време на суша.

4. Камелеонски езера во Индонезија


Панината Келимуту на островот Флорес во Индонезија се гордее со трите кратерски езера кои ја менуваат бојата во зависност од годишното време, временските услови и составот на минерали. Токму затоа, геолозите им припишале камелеонски својства, па никогаш не знаете што ќе затекнете кога ќе се искачите до нив.

5. Монументална пештера во Виетнам


Се претпоставува дека Сон Џонг, која се наоѓа на границата помеѓу Виетнам и Лаос, е најголемата пештера во светот. Долга е околу 6.5 километри, а висока околу 200 метри. Толку е голема, што можете да се изгубите во неа, па затоа треба да ја посетите со професионален водич.

6. Водопадите на границата помеѓу Кина и Виетнам


На границата помеѓу САД и Канада се наоѓаат Нијагарините водопади, но ништо помалку ипресивни не се ни водопадите кои се наоѓаат на границата помеѓу Кина и Виетнам. Окружени со зеленило и карпи, овие извори ќе ви дадат глетка за паметење.

7. Геотермални извори во Јапонија


Љубителите на геотермални извори секако би требало да го посетат северниот остров Хокаидо, поточно долината Јигоку која изобилува со нив.


Спонозорирани линкови

Маркетинг