Вистината за порното: Колку всушност заработуваат порно ѕвездите и како изгледаат аудициите на црниот кауч

Точка

16/02/2017

16:01

25.341

Големина на фонт

а а а

Светот на порно индустријата, начинот на живот на порно актерите и нивните примања најчесто ни делува многу апстрактно. Сме слушнале многу приказни за нивните плати, но малкумина знаат колку навистина заработуваат и како се врши селекцијата на актери за филмовите за возрасни.

"Заработувачката на порно ѕвездите не е фиксна и обично зависи од тоа колку актерите се подготвени да направат", изјави дерек Хеј за Independent. Хеј е основач на агенцијата "LA Direct Models" која ги претставува водечките актери во порно индустријата.


"Не мислам дека порно ѕвездите заработуваат толку колку што мисли јавноста", изјавил Дерек кој и самиот бил актер во порно филмови на млади години, а сега неговата работа се сведува на исплаќање на своите клиенти - актери.



"Грубо земено, стандардот е околу 1.000 долари по актерка која би снимала сцена со уште еден актер, додека пак за снимање со друга актерка би добила 700 долари. Платата може да се зголеми или намали за 10-20% во зависност од тоа за кој актер/ка станува збор, нивниот агент и други фактори", објаснува Дерек.

Сепак, за одредени сцени заработувачката може драстично да се зголеми, а најчесто станува збор за чин кој актерот или актерката дотогаш го немале направено, како на пример - прв анален секс, прв секс во тројка или групен секс.

Oh for the love of.... @bratnasty69 #phworthy

A post shared by Pornhub (@pornhub) on



Дерек изјави и дека најголемиот износ за овие први сцени изнесувале од 2.000 до 6.000 долари, кога на пример актерка ќе го снима својот прв анален секс.

Интересно е и да се истакне дека заработката за актерката расте доколку во некои од првите сцени, се снима со актер од црната раса, што некои од индустријата ова го сметаа за навреда на расно ниво.

Иако некои зборуваат дека приходите за порно актерите се паднати во изминатите неколку години, Дерек изјави дека тие стагнираат, но не се паднати.

🍑🍑 @amyjanebrand #phworthy

A post shared by Pornhub (@pornhub) on



Во свет во кој постојат значителни разлики помеѓу платите на мажите наспрема жените во иста индустрија, Дерек забележува дека во порно индустријата жените имаат позитивна дискриминација - всушност се подобро платени од мажите.

"Најголемите ѕвезди во индустријата не заработуваат повеќе од половина милион долари годишно", вели Хеј.

Тој продолжи да зборува дека порно индустријата драстично се променила поради зголемениот број на стриминг сајтови кои поприлично ја оштетуваат индустријата. "Поголемиот дел од видеата на овие сајтови се украдени или луѓето се снимаат сами од дома во реално време па секој може да ги гледа бесплатно. Публиката е свесна за ова и ја искористува можноста."

Scurvy prevention squad! @abigailratchford #phworthy

A post shared by Pornhub (@pornhub) on



Најбарани во светот на порно индустријата се тинејџерските и МИЛФ филмовите.

Кога станува збор за посакуваните карактеристики на актерките, тој истакнува дека важен е изгледот, возраста, ставот и однесувањето, но исто важни се и мотивацијата и амбициозноста. Аудициите на црниот кауч се ретки. Денес најчесто не се ни одржуваат кастинзи, туку агентите се запознаваат со актерките како типичен разговор за работа. Тие не мора да бидат ништо особено освен здрави и во добра форма, заклучува Дерек.

Daydreaming about this face @thealixlynx #phworthy

A post shared by Pornhub (@pornhub) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг