Ештон Качер на раб на солзи додека го држи својот емотивен говор за сексуална злоупотреба на деца

Точка

16/02/2017

15:03

3709

Големина на фонт

а а а

"Бев дел од рациите на ФБИ и видов работи кои ниту еден човек не треба да ги види.."

Холивудскиот актер Ештон качер присуствуваше на седницата на Комитетот за надворешни односи во американскиот Сенат и одржа говор за модерното ропство, по кој никој не може да остане рамнодушен.

39-годишниот актер во својот потресителен говор ја изрази својата визија за тоа како да се стави крај на трговијата со луѓе, зборуваше за неговата улога како ко-основач на "Thorn" која се занимава со развој на технологија која би помгнала во пронаоѓање на жртвите на трговија и сторителите на ваквите кривични дела.


"Како дел од мојата работа против трговијата со луѓе имав можност да запознаам жртви во Русија, Индија, Мексико, Њујорк и Њу Џерси, како и жртви од многу други делови на светот", рече тој и додаде "Бев дел од рациите на ФБИ и видов работи кои ниту еден човек не треба да ги види. Видов снимка од дете, кое е на исто годиште како моето, и кое е сексуално злоупотребувано од страна на еден Американец, турст во Камбоџа. На детето му беше испран мозокот и беше толку многу убедувано од својата околина што мислеше дека сето тоа е само игра.." изјави Качер видно потресен.


По неговиот говор кој за цел има да охрабри повеќе луѓе да се вклучат во борбата против трговијата со луѓе, сенаторот Џон Мекејн му се заблагодари на Качер велејќи дека со неговата работа им влева инспирација на многу луѓе.



Спонозорирани линкови

Маркетинг