Тиквеш исплати над 60 отсто од средствата за откупеното грозје од последната берба

Макфакс

16/02/2017

14:11

289

Големина на фонт

а а а

Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, винарската визба „Тиквеш“ исплати близу 63% од вкупната вредност на откупеното грозје.

На ваков начин винарницата повторно го надмина законскиот праг кој предвидува до средината на февруари на лозарите да им бидат исплатени минимум 60 проценти од средствата за откупеното грозје.

“На ваков начин „Тиквеш“ го потврдува својот сериозен однос кон своите партнери-лозарите, овозможувајќи им навремено и квалитетно да ги реализираат сите планирани подготовки за новата винска сезона“, велат од винарската визба „Тиквеш“.

Минатата година, винарската визба „Тиквеш“ откупи околу 17,5 милиони килограми грозје со вкупна вредност од 263,5 милиони денари.


Спонозорирани линкови

Маркетинг