Турбулентниот живот на актерот Мики Рурк: Деформирано лице преполно со лузни

Точка

16/02/2017

12:59

7509

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Мики Рурк некогаш уживаше во статусот на секс симбол, а денес е најпознат по бројните естетско-хируршки зафати.

Кога во 80-тите Мики Рурк се појави на кино екраните, меѓудругото сите го забележаа и поради неговиот прекрасен физички изглед. Холивудскиот убавец чие вистинско име е Филип Андре Рурк за кратко време се здоби со светска слава. Но животот не го "мазеше и пазеше." Мики е именуван според татко му кој последен пат го видел пред 20 години.


Неговите родители се развеле додека тој бил уште малечок. Неговата мајка се премажила за Јуџин Еди, полицаец од Мајами, поради што со мајката му, помалата сестра и братот морале да се преселат во Јужна Флорида. Очувот секојдневно го злоупотребувал, како и неговата мајка. Мики сета акумулирана негативна енергија ја пренасочувал во спорт, поточно бокс. Во 90-тите години се зачленил во бокс клуб, па неговата љубов кон овој спорт започнала да расте. Имал цели 12 години кога за прв пат победил во бокс натпревар. За време на неговата кариера со боксот доживеал само три порази, а 27 победи - од кои 17 благодарение на нокаут.


Неговото влегување во светот на глумата се случило во 1979-та година кога сосема случајно ја добил својата прва улога. Всушност, негов пријател кој бил во режија на филмот, останал без актер па го викнал Рурк како замена. Глумата толку многу го воодушевила што од сестра му позајмил 400 долари за да може да се запише на часови по глума. Неговиот сокриен талент веднаш испливал на површина, а Мики започнува да се појавува во се повеќе филмови. Но неговата кариера одеднаш почнала да опаѓа. Инаку Мики стана секс симбол благодарение на филмот 9½ Weeks од 1986-та година со Ким Бесинџер.



неговите погрешни одлуки и проценки му станале пречка во актерската кариера - ги одбивал понудените улоги во филмови кои подоцна станаа мегапопуларни, како што се 48 Hrs. (1982), Top Gun (1986), Beverly Hills Cop (1984) и други.

Очаен, Мики се навлекол на алкохол и дрога, а своето убаво лице го уништил со многуте пластични операции. Имал неколку операции на носот и јаболчниците, а усните редовно ги корегира со хијалурон. Од пластичните хирурзи само бара "да му го вратат лицето на место." Но операциите не биле толку успешни, па актерот денес има лузни по целото лице.




Малку кои знаат дека Мики за време на депресивен период сакал да се самоубие, но од тоа го одговорило своето куче, како што тој сам изјави. Зад себе има два пропаднати бракови и нема деца.

Актерот, кој е познат и по својата ексцентричност, минатат година беше забележан како разменува бакнеж со маж. Поточно, сочниот бакнеж го разменил со својот фризер Џузепе Франко. Тогаш се појавија гласините дека Рурк е бисексуалец.


64-годишниот актер, кој несомнено е дека тешко се справува со стареењето, неодамна ги изненади сите со веста дека ќе се врати во боксерскиот ринг.



Спонозорирани линкови

Маркетинг