Ѝ пукнале силиконите: ”Со години ме труеја и ми правеа проблеми”

Точка

16/02/2017

11:17

3930

Големина на фонт

а а а

Annette е козметичарка и мајка на две деца. Таа тврди дека нејзините силикони со години ѝ го уништувале животот и дека потрошила богатство за нивно отстранување.

Annette Stevens (48) била блиску до работ на смртта oткако нејзините силикони експлодирале. Оваа Англичанка имала проблеми со градното ткиво кое полека се распаѓало, а силиконските гради ѝ го труеле организмот.


Stevens потрошила 6000 фунти за отстранување на нејзините скапи силикони. Таа, цели 13 години чувствувала остри болки, имала проблеми со срцето и дишењето и ја губела својата коса. Во меѓувреме, силиконите кои ги имала имплантирано, престанале да се вградуваат откако Велика Британија ги забранила со закон.


Овој случај не е прв од ваков карактер – голем број на жени се јавувале со истите проблеми во последните 10 години. Во 2016 година, Annette посетила хирург кој открил дека силиконот ѝ се слеал во крвотокот, и дека ткивото кое служи како заштитен слој, почнало да се распаѓа. Со оваа приказна, таа сака да ги предупреди жените од опасноста од ваквите операции.


“Помислив дека ќе умрам. Телото ми се распаѓаше. Знаев дека морам да ги извадам силиконите. Сакав зголемување на градите бидејќи по доењето на своите деца, градите го променија обликот. Само сакав да направам нешто за себе, но веднаш знаев дека нешто не е во ред. Освен акните и заматениот вид, почнав и да се дебелеам. Бев депресивна и анксиозна” – изјавила Annette.



Спонозорирани линкови

Маркетинг