Аутизмот може да се детектира во мозокот многу порано пред да се појават симптомите

Точка

16/02/2017

10:55

2130

Големина на фонт

а а а

Со скенирање на мозокот може да се открие аутизмот долго пред симптомите да почнат да се појавуваат, велат научниците.

Во моментов, најрано кога може да се дијагностицира дете со аутизам е на возраст од две години, иако најчесто се дијагностицира подоцна.

Студијата, објавена во магазинот Nature покажува дека корените на аутизмот можат да се видат многу порано од тоа - уште од првата година од животот. Наодите можат да доведат до рани тестирања па дури и да се најдат терапии кои ќе имаат влијание додека мозокот е се уште нецелосно оформен.

Еден на секои 100 луѓе има аутизам, кој влијае врз неговото целокупно однесување, а особено социјалното.

Во студијата биле опфатени 148 деца вклучувајќи ги и оние со висок ризик од аутизам бидејќи имаат постари браќа и сестри со ова нарушување. На сите им било извршено скенирање на мозокот во шестата, дванаесеттата и четиринаесеттата недела од живот. Студијата откри рани промени во делот од мозокот кој е одговорен за функциите на високо ниво како зборување јазик - церебралниот кортекст - кај дечиња на кои подоцна им се развил аутизам.


Д-р. Хедер Хазлет, еден од истражувачите на Универзитетот во Северна Каролина, за веб-сајтот на BBC News изјави: "Многу рано, уште во првата година од животот можеме да ги видиме разликите во површината на мозокот кои им претходат на симптомите кои ги имаат луѓето со аутизам".. Студијата е многу значајна бидејќи отвара можности за големи промени во начинот на кој аутизмот се третира и се дијагностицира.

Скенирајќи им го мозокот на новороденчиња, особено оние со висок ризик поради член кој има аутизам во семејството, може да доведе до тоа децата да бидат дијагностицирани порано па на подолг рок може да се превземе нешто како на пример оние терапии кои ги обучуваат родителите на посебна интеракција со дете со аутизам и доколку е воведена порано би требало да биде поефикасна.


Спонозорирани линкови

Маркетинг