Австрија го тужи „Ербас“ поради корупција

Макфакс

16/02/2017

10:49

315

Големина на фонт

а а а

Министерството за одбрана на Австрија ќе поднесе тужба против европскиот производител на авиони „Ербас“, поради наводна корупција и давање потокуп, во врска со контоверзната продажба на борбените авиони „Еврофајтер“, вредна две милијарди долари.

„Против „Ербас“, ние ќе поднесеме тужба“, рекол портпаролот на министерствоот за одбрана на Австрија, Микаел Бауер.

Бауер за агенцијата Франс-прес изјавил дека резултатите на државната истрага за договорот од 2003 година и купвањето на 15 борбени авиони ќе бидат објавени во четврток.

Австриските медиуми наведуваат дека истрагата утврдила дека „Ербас“ лажно ги зголемил цените на авионите.

Австрија првично нарачала 18 авиони, но подоцна ја намалила порачката на 15 авиони.


Спонозорирани линкови

Маркетинг