НБА: Победи на водечките тимови

Макфакс

16/02/2017

10:04

474

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт, Сан Антонио, Оклахома, Бостон, Кливленд, ЛА Клиперс, Мајами остварија победи во натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата. На програмата беа 14 натпревари, а на девет од нив победи забележаа екипите кои играа на домашен терен.

Голден Стејт и без вообичаениот придонес на Стеф Кари славеше во дуелот со Сакраменто 109:86. Кари постигна само 13 поени (4/14 од поле), а најефикасен беше Клеј Томпсон со 35 поени (7 тројки).



Кливленд предводен од Леброн Џејмс (31 поен), Кајри Ирвинг (26 поени) и Кајл Корвер 22 поени, 6 тројки) ја совлада Индијана 113:104.

Голден Стејт е лидер на Западот и воопшто во лигата со 47 победи и 9 порази, додека Кливленд го предводи Истокот со 37 победи и 14 порази.

Ламаркус Олдриџ постигна 23, а Кавај Ленард 22 поени во рутинската победа на Сан Антонио кај Орландо 107:79.

Расел Вестбрук го забележа 27-от трипл дабл во сезоната. Рас со 38 поени, 14 скокови и 12 асистенции ја предводеше Оклахома до победата над Њујорк 116:05. Кај Њујорк Кармело Ентони постигна 30, а Дерик Роуз 25 поени.

Трип дабл забележа и бекот на Феникс, Ерик Бледсо. Феникс убедливо ги совлада Лејкерси 137:101, а Бледсо натпреварот го заврши со 25 поени, 10 скокови и 13 асистенции.

Хјустон не успеа да го совлада Мајами, загуби 109:117, иако Џејмс Харден имаше 38 поени и по 12 скокови и асистенции. Хасан Вајтсајд и Дион Вејтерс со по 23 поени го предводеа Мајами кој има 12 победи на последните 13 натпревари.



Бостон, вторпласираниот тим на Истокот, забележа победа над Филаделфија 116:108. Ајзеа Томас го предводеше тимот со 33 поени, а ист број на поени постигна Јанис Атетокумбо во победата на Милвоки кај Бруклин 129:125.

На другите натпревари: Детроит го победи Далас 98:91, Торонто славеше против Шарлот 90:85, Мемфис загуби од Њу Орлеанс 91:95, Минесота славеше во Денвер 112:99, Јута го победи Портланд 111:88, а Клиперси славеа против Атланта 99:94.


Спонозорирани линкови

Маркетинг