СП скијање: Четворица Македонци потврдени во квалификацискиот велеслалом

Дерби

15/02/2017

20:45

856

Големина на фонт

а а а

Лука Божиновски, Антонио Ристевски, Марјан Нашоку и Виктор Петров ќе бидат четиримината скијачи од Македонија што утре ќе настапат во квалификациите за велеслалом на Светското првенство во скијање што се одржува во Сент Мориц.

Погледите ќе бидат свртени кон искусниот Антонио Ристевски кој веќе има две олимписки учества зад себе и за разлика од помладите колеги има огромно искуство, но негова специјалност е слаломот. Оттука, можноста да заблеска пред се оди кај Лука Божиновски како млад талент кој потекнува од семејство кое и претходно имало натпреварувачи на високо ниво, а сега живее крај олимпискиот канадски град Калгари и работи на сопствената кариера. Божиновски има стартен број 43, додека Ристевски ќе стартува како 54 во квалификациите.

За вторите двајца учесници Марјан Нашоку и Виктор Петров информациите велат дека се дебитанти на големите натпреварувања и постепено ќе стекнуваат искуство на меѓународната сцена, но среќата секогаш ги следи храбрите. Тие ќе имаат стартни броеви 95 и 101 респективно. Само 25 скијачи ќе влезат од квалификациите во главната трка, а доколку ниту еден од Македонците не избори таков пласман, најдобриот од нив според ФИС точките ќе се надева на влез преку националната квота.


Спонозорирани линкови

Маркетинг