Жените помалку уживаат во сексот? Еве која е една од главните причини за тоа

Точка

15/02/2017

20:06

5.046

Големина на фонт

а а а

Мажите во повеќето случаи се возбудуваат и физички и психички, додека жените се разликуваат – физички возбудените жени често не сфаќаат што им се случува во тој момент.

Имено, истражувањето кое пред неколку години го спровело Универзитетот Квинс во Кингстон, покажало дека жените помалку уживаат во сексот поради чувството на вина кое доаѓа подоцна.

„Сакавме да видиме како многу субјективното доживување на сексуалното возбудување го одржува физиолошкиот одговор на гениталиите и дали мажите и жените тука се разликуваат“, вели доктор Мередит Чиверс, авторка на студијата.


Резултатите биле јасни: мажите навеле дека биле возбудени во времето кога тоа го покажале и апаратите, но кај многу жени дошло до значително задоцнување. Имено, додека апаратите покажувале дека телото е физички возбудено, многу жени психичкото возбудување го почувствувале многу подоцна или воопшто не го почувствувале.

Машкиот мозок, поради еволуциската предност, е синхронизиран со физичките појави, па кај нив не доаѓа до временска разлика помеѓу физичкото возбудувањеи свесното.


За разлика од нив, жените воопшто не стигнуваат да утврдат дали се возбудени, иако нивните физички реакции кажуваат дека е така. Чувството на вина и одреден срам после сексуалниот однос најдобро можат да ја објаснат таа појава.


Спонозорирани линкови

Маркетинг